Економија, финансии, бизнис

Контакт

Апасиев: Да му бапнеш три кривични на професор по право, е како на специјалец да му речеш: -"Ај бе напрај десет склека"

Апасиев: Да му бапнеш три кривични на професор по право, е како на специјалец  да му речеш: -"Ај бе напрај десет склека"

Да му бапнеш три кривични пријави во еден ден на универзитетски професор по право, е како на специјалец од Тигрите да му речеш: - "Ај бе напрај десет склека", пишува на Твитер, лидерот на Левица, Димитар Апасиев. 


Апасиев засега ја нема добиено поканата од Обвинителството да оди на распит поради неговите статуси на Фејсбук. Како што изјави тој за Сител, не постојат никакви елементи за кривично дело во статусот „Џабе ни се лижете, сите ќе ве стреламе“.

„За разлика од политиката, каде што сум можеби нов, во правото сум професор. Ако е
конкретно за тој Фејсбук статус, таму нема елементи на ниту едно кривично дело од нашиот Кривичен законик и по отфрлањето на кривичната пријава ќе биде поднесена контрапријава од моја страна, против тој што ме пријавил, за лажно пријавување, и ќе ги добиеме судски“, изјави денеска Апасиев за Сител.

Од ОЈО соопштија дека го повикале Апасиев на распит, а предметот е отворен по пристигнато известување од секторот за компјутерски криминал во МВР. 

Против Апасиев се поднесени и две кривични пријави за различни статуси на социјалните мрежи.

Слично

Поврзани вести