Апасиев: Албанија лансираше сателити во вселената, ние ги сменивме сообраќајните знаци во Кичево
Претседателот на Левица и пратеник во Собранието, Димитар Апасиев на социјалните мрежи упати критика до ДУИ.
Тој ги коментира случувањата и во соседна Албанија.
„Албанија вчера лансираше два сателита во вселената! Ние тука, ги сменивме сообраќајните знаци во Кичево само на албански. Тоа се тие приоритети на заостанатите „атлантисти“ од ДУИ“, пишува Апасиев.

Сателитите Албанија 1 и Албанија 2 вчера се лансирани во вселената од базата Кејп Канаверал на Флорида. Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека Албанија сега има повеќе можности да ја контролира и заштити својата територија.
Слично
