Апасиев: Со 16.000 евра за Фејсбук победивме во Центар, Карпош и урбаниот дел од Аеродром
Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, на вечерната прес-конференција рече дека кандидатот Амар Мециновиќ имал повеќе гласови во Карпош, Центар и како што рече, урбаниот дел од Аеродром, во однос на победникот од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски.
- Победивме во Центар, Карпош и урбаниот дел од Аеродром. ВРЕДИ ги зафркна ВМРО ДПМНЕ на секаде. На следните парламентарни избори ги победуваме ВМРО-ДПМНЕ, рече Апасиев на заедничката прес-конференција со Мециновиќ.
Тој додаде дека успехоот на Левица е постигнат со потрошени само 16.000 евра на Фејсбук за рекламирање, во услови кога прмоцијата на партијата била забранета на порталите и телевизиите.
Слично
