Економија, финансии, бизнис

Контакт

Aпасиев: Ах, тие прекрасни европски плодови од договорите на нашите визионери Заев, Таче и СДС

Aпасиев:  Ах, тие прекрасни европски плодови од договорите на нашите визионери Заев, Таче и СДС

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев го коментира одбележувањето на 151 година од раѓањето на револуционерот Гоце Делчев. Во Скопје имаше силно полициско присуство за да не дојде до немири. 

„Прв роденден на ГОЦЕ со специјалци, барикади и полициски хеликоптери. Ах, тие прекрасни европски плодови од договорите на нашите визионери Заев, Таче и СДС“, пишува Апасиев. 


Инаку, во Скопје одбележувањето помина мирно, но на граничниот премин Деве Баир се случи инцидент, поради што тројца бугарски државјани добија забрани за влез во земјава во рок од 3 години и ќе треба да платат казни од 300 евра.

Бугарското Министерство за надворешни работи реагира и смета дека е поткопана довербата меѓу двете земји. 

Слично

Поврзани вести