Економија, финансии, бизнис

Контакт

Антонио Милошоски тврди дека Никола Димитров бара нова работа

Антонио Милошоски тврди дека Никола Димитров бара нова работа

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, тврди дека министерот за надворешни работи, Никола Димитров бара нова позиција во Обединетите нации, односно дека не планира да го заврши својот мандат како министер во Македонија.

„Не знам дали кариерата на Никола Димитров е “на иста линија” со онаа на Заев, која исклучиво зависи од решението на спорот со името, но дипломати од Обединетите Нации дојавуваат дека министерот долгорочно не ја гледа својата перспектива во Република Македонија. Но, времето ќе покаже“- пишува Милошоски.

Министерот за надворешни работи веќе започнал разговори со некои дипломати од Обединетите нации и Холандија во Њујорк за да ја поддржат неговата номинација (најверојатно кон крајот на 2018) за некоја средно висока позиција во ОН-Њујорк, ОН – Хаг, ОН-Виена или ОН-Женева“, се наведува во пораката.

Слично

Поврзани вести