Економија, финансии, бизнис

Контакт

AНТОНИО МИЛОШОСКИ: Спорно е што Oсмани си ја кодоши сопствената држава и што тоа го прави во МНР

AНТОНИО МИЛОШОСКИ: Спорно е што Oсмани си ја кодоши сопствената држава и што тоа го прави во МНР

Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ го искоментира однесувањето на министерот за надворешни работи, Бујар Османи на средбата со амбасадорите. 

Вели дека тој ја кодоши државата. 

„Не е спорно што министерот во заминување Бујар Османи се жали пред дел од странските амбасадори за тоа дека ДУИ станала непожелен субјект на политичката сцена. Спорно е што министерот си ја кодоши сопствената држава и што тоа го прави во МНР, која како државна институција не е местото за вакви субјективни партиски поплаки. На партиските поплаки местото им во партиското седиште на ДУИ. Или можеби во седиштето на ОБСЕ, каде токму Бујар Османи до вчера ја убедуваше целата домашна и меѓународна јавност дека сите институции се комплетно спремни за организирање на „европски" фер и демократски избори“, пишува Милошоски на социјалните мрежи. 


Османи на амбасадорите им се пожалил за компромитирање на изборите. 

Слично

Поврзани вести