Економија, финансии, бизнис

Контакт

Антонио Милошоски: Специјалниот советник на Заев за Франција немал ниту една средба со наш дипломат

Антонио Милошоски: Специјалниот советник на Заев за Франција немал ниту една средба со наш дипломат

Антонио Милошоски, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, денеска на собраниска седница за пратенички прашања рече дека специјалниот советник на премиерот Зоран Заев, извесниот Љупчо Зафировски, имал банкарска сметка во Србија, но не и во Македонија и дека не одржал средба со ниту еден претставник од Владата на Македонија.

- Љупчо Зафировски, според одговорот кој го добив од вицепремиерот за евроинтеграции, Бујар Османи, не остварил ниту една средба за време на седуммесечниот ангажман со наш официјален претставник ниту во Париз, ниту во Скопје. Не контактирал ниту со Османи, ниту со министерот за надворешни работи Никола Димитров, ниту со амбасадорката во Париз, а платен е да одржува контакти со блиски со францускиот претседател Емануел Макрон и да помогне Македонија да добие Датум за преговори со ЕУ. Задоволен сум од одговорот Бујар Османи.

Зафировски е пензионер и со 1.200 евра месечен ангажман е еден од подоброплатените советници на Заев, а неговото официјално место на живеење е Париз.

Слично

Поврзани вести