Економија, финансии, бизнис

Контакт

Антонио Милошоски: Се уште сум во болница, ви благодарам Кичевчани

Антонио Милошоски: Се уште сум во болница, ви благодарам Кичевчани

Антонио Милошоски по вчерашните првични резултати од предвремените парламентарни избори повторно ќе биде пратеник во македонското Собрание, а поранешниот министер за надворешни работи денеска информира дека изборите ги следел од Клиниката за инфективни болести во Скопје.

„Почитувани сограѓани Кичевчани, пријатели, поддржувачи, Ви благодарам за поддршката и довербата, која ќе дадам се од себе да ја оправдам во Собранието на Македонија. Оваа кампања за жал бев хоспитализиран на Инфективна, каде сеуште се наоѓам заради Ковид19, но ќе се преброди и ова и сите предизвици со кои се соочуваме во овие клучни моменти за државата“, објави Милошоски.

На 30 јуни излезе информација дека тој е позитивен на Ковид-19 и веќе трета недела е госпитализиран, а во меѓувреме двете тестирања беа негативни.


Слично

Поврзани вести