Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПО СРЕДБАТА СО ХАН: Антонио Милошоски предложи две решенија за излез од кризата

ПО СРЕДБАТА СО ХАН: Антонио Милошоски предложи две решенија за излез од кризата

Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ по завршувањето на средбата со европскиот комесар Јоханес Хан соопшти дека има две решенија за излез од кризата. 

Првото е лидерот на СДСМ, Зоран Заев ако сака да формира влада, да се откаже од платформата на албанските партии. 

Второто решение е според нив организирање на локални и парламентарни избори заедно. 

„Бидејќи ќе имаме локални избори за два месеци или за пет месеци, цела држава ќе биде во предизборна атмосфера, и тешко би било да се работи на проекти. Затоа би било подобро на еден трошок да се одржат изборите, за да може секој граѓанин да биде сигурен во својот избор“ - рече Милошоски. 

Тој додаде дека со комесарот Јоханес Хан имале конструктивен разговор. 

Лидерот на партијата и вечерва ја продолжи традицијата и избегна средби со медиумите, а неговото обезбедување забрани и строго фотографирање и снимање на екс премиерот.

Слично

Поврзани вести