Антонио Милошоски повикан во СЈО
По вчерашниот распит на поранешниот прв лустратор Томе Аџиев, денеска во СЈО е повикан и актуелниот пратеник и поранешен министер за надворешни работи Антонијо Милошоски, кој ќе треба да одговара на прашања за случајот „Моќник“.
Покрај Милошоски и Аџиев, во оваа истрага осомничени се и таткото на членот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен градоначалник на Македонски брод, покрај уште девет лица.
Кога градоначалникот на општина Пласница, Исмаил Јајовски, разбрал дека е продаден објект за многу помала цена на таткото на Милошоски, во кој е сместена општината, од Владата побарал да ја испита ситуцијата, и комисија утврдила дека се направени многу пропусти при продажбата и дека општината продала имот што е на државата.
Според СЈО, откако бил откриен дека го изманипулирал Советот на општина Македонски Брод за објектот во селото Ижиште, за да му се одмазди на градоначалникот Јајовски, пратеникот Милошоски му праќал инспекции во неговата компанија „Пуцко петрол“, а судијата кој го судел случајот со имотот на од Милошоски до Аџиев бил лустриран и му било забрането да ја врши дејноста за да се тргне како пречка и да се отвори слободен пат за исполнување на желбите на пратеникот.
