Антонио Милошоски: Отфрлена Декларацијата за Гоце Делчев
Пратеникот на ВМНРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, претседател на Комисијата за надворешна политика во Собранието, објави дека денеска не е усвоена Декларацијата поднесена од опозицијата за одбележување на настани по повод 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев.
„На денешната Комисија за надворешна политика пратениците од СДСМ/ДУИ гласаа против Декларацијата по повод 150 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, со што истата не беше усвоена“, информираше Милошоски.
Претходно од власта рекоа дека е период на интензивна соработка на работните групи помеѓу двете влади на Македонија и Бугарија и дека во Собранието веќе е изгласана резолуцијата на црвените линии.
Слично
