Економија, финансии, бизнис

Контакт

Антонио Милошоски не даде свечена заклетва поради здравствени проблеми

Антонио Милошоски не даде свечена заклетва поради здравствени проблеми

Антонијо Милошоски, долгогодишниот пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, денеска не даде свечена заклетва како еден од новите потпретседатели на Собранието поради здравствени проблеми.

Милошоски поради вирусно заболување имал повисока телесна температура, поради што не можел да присуствува на свечениот настан.

За разлика од Милошоски, останатите два потпретседатели - Весна Бендевска од ЗНАМ и Јован Митрески од СДСМ, дадоа заклетва во законодавниот дом.

Бендевска заклетвата ја даде со РС Македонија, додека Митрески го кажа целото име на државата – Република Северна Македонија.

За Милошоски гласаа 69 пратеника, за Митрески 82, додека за Бендевска 70.

Слично

Поврзани вести