Економија, финансии, бизнис

Контакт

АНТОНИО МИЛОШОСКИ: Македонија и во декември нема да добие датум, Албанија се труди да се раздвои од пакетот

АНТОНИО МИЛОШОСКИ: Македонија и во декември нема да добие датум, Албанија се труди  да се раздвои од пакетот

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, вели дека земјава и овој декември нема да добие датум за почеток на преговорите со ЕУ. 

Тој ова сознание го добил од разговорот сои своите колеги од европските држави. 

„Денес во Вашингтон на маргините на конференцијата за трансатланска безбедност успеав да поразговарам со колегите Cédrik Perrin, Франција, Ine Søreide, Норвешка, Jan Farsky, Чешка, Monika Gregorčič, Словенија, Mimi Kodheli, Албанија, и Audronis Azubalis, Литванија, на теми од билатерален интерес, како и за дискусиите во Брисел поврзани со процесот на европските интеграции.

Од разговорот со соговорниците произлегува заклучокот дека и овој декември Македонија нема да добие датум за почеток на преговорите со ЕУ. Истиот неповолен исход се очекува и во периодот јануари-јули 2022 година.

Во меѓувреме Албанија вложува дипломатски напори да се раздвои од пакетот со Македонија за да си ги зголеми шансите самостојно да добие датум за преговори, но сеуште е неизвесно дали со оваа опција ќе ги убедат сите членки на ЕУ да донесат едногласна одлука за посакуваниот чекор на официјална Тирана кон Брисел“, напиша Милошоски на својот фејсбук профил. 


Слично

Поврзани вести