Економија, финансии, бизнис

Контакт

Антонио Милошоски десет дена ќе биде во самоизолација

Антонио Милошоски десет дена ќе биде во самоизолација

Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ оди во самоизолација, затоа што неговата мајка е заразена со коронавирусот.

Тој ова вчера го соопшти на Фејсбук. 

„Драги пријатели, мојата мајка Светлана Милошоска, која 40 години работи како медицинска сестра во болницата во Кичево, попладнево ме извести дека е позитивна на Ковид-19. Веднаш по известувањето бев исконтактиран од надлежниот епидемиолог од Битола кој според здравствениот протокол ми пропиша мерка самоизолација до 6-ти јули, заради кратката средба со мајка ми пред 5 дена во Кичево. Мерката доследно ќе ја почитувам, како што ги почитував и правилата за носење на маска и честа хигиена во изминативе 4 месеци“, напиша Милошоски.

Тој се чувствува добро и засега немал никакви симптоми.

Милошоски е кандидат за пратник на листата на ВМРО-ДПМНЕ за претстојните избори.

Пред неколку дена беше соопштено дека мајката на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ,  Христијан Мицкоски е позитивна на коронавирусот, но тој кажа дека немал контакт со неа. 

Вкупната бројка на дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 5.758. 

Слично

Поврзани вести