Антонијо Милошоски: Иницијативата ќе биде „технички модифицирана“ со помал број на потписи
Антонијо Милошоски, гласноговорникот на ВМРО-ДПМНЕ, денеска на прес-конференција изјави дека иницијативата за гласање на недоверба на Владата ќе биде „технички модифицирана“, но не спомена дали тоа значи дека потписите на пратениците на „Левица“ ќе ги нема на истата.
Претходно, пратеникот на „Алтернатива“, Скендер реџепи - Зеид, рече дека не сака со свој потпис да ја споделува истата иницијатива со пратениците на „Левица“, поради што виси потребното мнозинство од 61 пратеник за да може да падне Владата.
„Иницијативата останува, а деловникот дозволува истата да биде технички корегирана. Ќе направиме техничка корекција, да даде простор на одредени пратеници да се пронајдат себе си со своите забелешки Иницијативата ќе биде технички корегирана и ќе остане во процедура, на истата ќе има помал број на потписи, а ќе има поголем број на гласови од 61 кои ќе гласаат за недоверба“, изјави Милошоски и додаде дека на не може да зборува во име на други партии
Утрешната седница во Собранието започнува во 11.00 часот, а Милошоски очекува гласањето да биде пред полноќ и премиерот Зоран Заев да направи мирна транзиција на власта.
