Економија, финансии, бизнис

Контакт

„АНТИКРИЗНИТЕ МЕРКИ СЕ ПОНИЖУВАЧКИ“: Пензионерите не застануваат, бараат линеарно зголемување на пензиите за пет илјади денари

„АНТИКРИЗНИТЕ МЕРКИ СЕ ПОНИЖУВАЧКИ“: Пензионерите не застануваат, бараат линеарно зголемување на пензиите за пет илјади денари

Пензионерите не се откажуваат од своите барања. Вчера на протест пред Собранието уште еднаш го изразија незадоволството од третманот и од ниските пензии. 

Пред Собранието ги оставија износените чевли што ги носеле на протестите и нагласија дека антикризните мерки се понижувачки. 

Тие уште еднаш побараа линеарно зголемување на пензиите за 5.000 денари и минимална пензија во висина од 18 илјади денари.

Власта одреди антикризни мерки во висина од 1.500 до 3.000 денари, што во наредните пет месеци ќе им се исплаќа на пензионерите, корисници на пензии во висина до 19 илјади денари. 

Како и многупати досега, Владата и министерката за труд и социјална политика,. не отстапуваат од ставот дека не може да се покачи пензијата туку така, бидејќи би се нарушила стабилноста на пензискиот систем.

Слично

Поврзани вести