Економија, финансии, бизнис

Контакт

Антикорупциска: Владата уплатила гаранција, а не аванс за кинеските вакцини

Антикорупциска: Владата уплатила гаранција, а не аванс за кинеските вакцини

Државната комисија за спречување на корупција на денешниот брифинг информираше дека Министерството за здравсто парите кои и ги уплатил на Starbi international во висина од 7,8 милиони долари за да ги набави за Македонија вакцините од компанијата Синфарм биле гаранција, а не аванс.

Од „Антикорупциска“ ова го дадоа денеска како одговор на денешниот брифинг, откако вчера Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, ја покажа уплатата. Мицкоски  објави документ кој според него ја докажува трансакцијата од Министертвото кон оваа компанија, а за сумата вели дека има сознанија дека е само 60 отсто од вредноста на целиот договор односно сета набавка од 200.000 дози вакцини. Уплатата била на 15 февруари годинава. За овој случај опозициската партија зборуваше и пред неколку месеци, кога за уплатата кон кинеска фирма посредник текст објави италијанскиот весник Ла Верита. 

„Ги пратиме не само тие објави, имаме предмет за вакцините, пред крај сме со целиот предмет, имаме информации кои не се уште целосни, целата таа приказна е сензитивна и треба да се размисли со ладна глава.

И ние имаме документ од Народна банка од 7,8 милиони долари исплатени на 15 февруари кои Народна банка ги има реализирано во корист на Стабри Хонк Конг. Министерството нема исплатено аванс на правно лице, туку извршило средства на име гаранција за да се изврши количеството врз однова на заклучоците на затворената сендица на Владата на 7 февруари

Преку координација со кинеската амбасада Владата одлучила да ги прекине активностите и ги побарала назад уплатените средства За операционализирање на таа одлука на 16 март го задолжила министерството да ги прекине сите активности, односно парите се вратени назад од Стабри и нема извршено никаква исплата, туку склучила договор директно со Синофарм. Други детали се класифицирани со клузула за тајност во договорот. Не сакаме поради поларизацијата да се ставаме во корист на било која политичка партија“, рече денеска Горан Трпеноски, членот на ДКСК.

Слично

Поврзани вести