Економија, финансии, бизнис

Контакт

Антикорупциска со пријава за Хусни Исмаили пред да стане потпретседател на Собранието

Антикорупциска со пријава за Хусни Исмаили пред да стане потпретседател на Собранието

Државната комисија за спречување на корупција поднесе иницијатива до Обвинителството за кривично гонење на Хусни Исмаили, кој е предложен за потпретседател на Собранието според новиот коалициски договор на актуелната власт со Алтернатива.

Поранешниот министер за култура кој оваа функција ја извршувал од 27 јуни 2019 до 30 август 2020 година е пријавен за сомневање за сторено кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување во врска со договори и анекс договори склучени на 24 јули 2020, а во врска со годишните конкурси за финансирање на проекти од национален интерес.

Владимир Георгиев рече дека поранешниот министер за култура склучувал договори со финансиска рамка поголема од предвидената во буџетот. Во постизборен период потпишал околу 100 договори и анекс договори и со тоа создал обврски за Буџетот за 2020 година на Министерството за култура од над 33 милиони денари.

– Со Законот за буџети се предвидува дека буџетските корисници не смеат да преземаат обврски кои пристигнуваат во тековната година или се направат расходи над одобрените средства од буџетот, рече Георгиев.

Од страна на стручните комисии формирани во Министерството за култура биле донесени решенија со кои се одобрени средства за финансирање на три програми во висина од околу 196 милиони денари или над 3 милиони и 100 илјади евра за 684 проекти, додека оваа институција имала на располагање само 136 милиони денари за да ги финансира овие три програми.

Слично

Поврзани вести