„Антикорупциска“ со парични глоби за двајца пратеници и тројца директори
Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) изрече парични глоби за недоставување или задоцнето поднесување Анкетен лист од страна на функционери и именувани лица по пдонесени прекршочни пријави.
Поранешен пратеник во Собранието ненавремено доставил анкетен лист до ДКСК и му е изречена прекршочна санкција глоба од 300 евра. а исто така на друг пратеник, кој по престанок на функцијата не поднел анкетен лист до Антикорупција, му е изречена глоба во износ од 400 евра.
Вршител на
должност директор, кој по престанок на
оваа функција не поднел анкетен лист до
ДКСК, му е изречена глоба во износ од 300
евра. Со 300, односно 150 евра, се казнети други двајца директори кои не поднеле Анкетен лист за имотната состојба по престанокот на функцијата.
