Економија, финансии, бизнис

Контакт

Антикорупциска против разрешувањето на Зврлевски

Антикорупциска против разрешувањето на Зврлевски

Комисијата за спречување на корупција на вчерашната седница донела мислење со кое членовите се произнеле по барањето од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ дали разрешувањето на јавниот обвинител, Марко Зврлевски, е спротивно на член 8 од Изборниот законик со кој по распишување на избори се забранува вработување или отпуштање во државни институции. Комисијата едногласно одлучила дека разрешување на јавниот обвинител Марко Зврлевски како и било кој друг функционер е спротивно на законот.

Мислењето на Комисијата е доставено до Собранието. Претседателот на Собранието, Талат Џафери, пак, неколку пати нагласи дека мислењето на Комисијата не е релевантно за расправата на Собранието.

- Јас немам намера како претседател на Собранието да се обраќам на каков било друг орган кој ќе кажува како јас треба да работам, кога тоа јасно го кажува Деловникот и Уставот. Антикорупциска е дел од извршната власт и таа неможе да дава препораки на законодавната власт. Ако имате дилема, може да побарате автентично толкување на законот – истакна Џафери за време на седниците.


Слично

Поврзани вести