Антикорупциска прими 12 претставки од ВМРО-ДПМНЕ за предизборни злоупотреби
Комисијата за спречување на корупција потврди дека примила 12 претставки од ВМРО-ДПМНЕ за предизборни злоупотреби кои, според нив, се законски недозволиви.
Во претставките се вклучени повик за практикантство од Агенцијата за вработување од 25 февруари, поделени 150 социјални пакети од Саша Богдановиќ, градоначалникот на Центар на 11 март и јавен повик на Град Скопје на истиот датум за субвенционирање на купени велосипеди, како и за субвенционирање на инвертери, реконструкција на дел од улицата „Јуриј Гаргарин“ во Карпош во Козле и други.
Од Антикорупциска велат дека одлуките ќе бидат објавени в среда на седница
- Сите исплати за кои лажно обвинува ВМРО-ДПМНЕ се согласно законите, однапред испланирани и според годишите програми за работа на институциите, реагираат од СДСМ.
Билјана Ивановска, претседателката на ДКСК, за МКД рече дека институцијата во овој период ќе биде концентрирана повеќе на евентуалните предизборни злоупотреби и приоритет ќе му се даде на случаи со кршењето на Изборниот законик.
