Економија, финансии, бизнис

Контакт

Антикорупциска отвори предмет против советник на Заев

Антикорупциска отвори предмет против советник на Заев

Предмет по сопствена иницијатива отворила денеска Антикорупциската комисија во врска со наводи за сомневање на незаконско постапување на надворешниот соработник за прашања од областа на спортот на претседателот на Владата на РСМ, Даниел Димевски. Според нив, тој во својство на надворешен соработник и управител на правното лице Турд Олимпик ДОО Скопје стекнал својство на закупец на СРЦ „Кале“ со што во улога на надворешен соработник остварил приватни интереси со што го оштетил буџетот на РСМ.

Инаку на денешната седница врз база на добиени сознанија од медиумите за значителен  прилив на странска и домашна помош (донации) за времетраењето на вонредната состојба како што и претходно информираше, ДКСК одлучила да преземе конкретни дејствија во насока на прибирање на релевантни информации за начинот на кој се користи доделената странска и домашна помош. 

Исто така, Државната комисија за спречување на корупцијата оформила и предмет по сопствена иницијатива за испитување на нерегистрирани средства за дезинфекција кои се нашле во употреба.


Слично

Поврзани вести