Економија, финансии, бизнис

Контакт

Антикорупциска отвори постапка за Мерко, Јово Вангеловски и ќерката на Пановски

Антикорупциска отвори постапка за Мерко, Јово Вангеловски и ќерката на Пановски

Комисијата за спречување на корупција отвори случаи против Јово Вангеловски, претседателот на Врховен суд, Рамиз Мерко, градоначалникот на Струга и Ирена Пановска, ќерката на сопственикот на „Др.Пановски“ и в.д директорка на Клиниката за хематологија.

Антикорупционерите во случајот на Вангеловски ќе истражуваат дали е прописна набавката на возило марка „ВМВ“  во вредност од 40.000 евра и дали ја злоупотребил набавката за лична корист.

За набавка на возила се испитува и ситуацијата со Мерко, кој набави четири возила во вредност од 114 илјади евра, од кои едно „ауди А6“ во вредност од 67.000 евра .

Во предметот за Пановска спорна е тендерската постапка за набавка на лекови од компанија во сопственост на нејзиниот татко Златко Пановски. Во пријавата се пожалиле доктори.


Слично

Поврзани вести