Економија, финансии, бизнис

Контакт

Антикорупциска ненадлежна за увидот на Заев и Николовски на капитална инвестиција

Антикорупциска ненадлежна за увидот на Заев и Николовски на капитална инвестиција

Државната комисија за спречување на корупција го отфрли приговорот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ која реагираше на тоа дека Зоран Заев и Љупчо Николовски не можат како претседател и генерален секретар на СДСМ да присуствуваат на настан на кој се промовираат државни капитални инвестиции, затоа што не се државни функционери.

Претходно ВМРО-ДПМНЕ достави приговор до Антикорупциска дека Заев и Николовски овозможиле партиски предизборен јавен настан за политичка промоција финансирана со буџетски средства, со што е направена повреда на Изборниот законик и Законот за спречување корупција. 

Настанот се случил на 21 јуни при увид на изградба на експресен пат Штип-Кочани.од страна на ЈП Државни патишта, а ДКСК на денешната јавна седница ги отфрли наводите од приговорот и го затвори предметот.

Комисијата овој приговор ќе го достави до ДИК затоа што, како што беше речено, таа е надлежна да каже дали одредено дејствие има елементи на изборна кампања пред започнувањето на изборната кампања.


Слично

Поврзани вести