Антикорупциска му порача на Заев дека не може да биде министер до недоглед
Државната комисија за спречување на корупција му порача на премиерот Зоран Заев дека не може до недоглед да ја извршува неформалната функција министер за финансии и побргу да најде раководител на овој ресор кој официјално ќе биде чувар на државната каса.
Ова Антикорупциска го порача преку новинарите на денешниот брифинг со заклучок дека на долг рок тоа не би било прифатливо, дотолку повеќе што законот е јасен и вели дека во отстуство на министер за финанции функцијата ја извшува заменик.
Владата вчера донесе одлука премиерот Зоран Заев да управува со политиките во министерството за финансии, а заменичката министерка за финансии Ширет Елези ќе има овластувања да работи.До сега министер за финансии беше Драган Тевдовски, но неочекувано беше разрешен минатиот месец, по што премиерот соопшти дека тој „че одржи економска лекција“. Непосредно пред гласањето во Собранието, предлогот тој да биде министер за финансии беше повлечен на реакција на ДКСК.
