Антикорупциска ќе проверува дали Заев може да биде и премиер и „чувар на државната каса“
Државната комисија за спречување на корупција ќе го разгледа предлогот премиерот Зоран Заев да биде и шеф на Владата и истовремено „чувар на државната каса“ како министер за финансии.
Овој предлог денеска треба да помине во Собранието, како и останатите министри кои ќе бидат замена за оние кои си поднесоа оставка. Антикорупциска отвори расправа дали има судир на интереси во случајот со Заев.
Засега, ДКСК поради сомневањата за можни конфликти на улогите кај Заев го разгледува предлогот на Владата. Членот 44 од Законот за спречување на корупцијата предвидува судир на интереси, но предлогот во Собранието не е во спротивност со Законот за Владата.
Затоа, Антикорупциска ја разгледува можноста за толкување.
Слично
