Економија, финансии, бизнис

Контакт

Антикорупциска ќе поднесе претставка до обвинителството откако го ослободи од одговорност Блерим Беџети

Антикорупциска ќе поднесе претставка до обвинителството откако го ослободи од одговорност Блерим Беџети

Државната антикорупциска комисија ќе поднесе претставка против јавниот обвинител кој го ослободи од кривична одговорност градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети, за платформите на Матка. Јавното обвинителство ја отфрли кривичната пријава против него, која беше поднесена од Антикорупциската комисија, со образложение дека тој ниту ја злоупотребил службената положба, ниту, пак, за себе прибавил противправна имотна корист.

„ По изградбата на платформата за моторни чамци, кои ја нарушуваат  неговата автентичноста на кањонот, неговата флора и фауна, се договоривме и одлучиме до Советот за јавни обвинители да поднесема претставка да ја преиспита работата на јавниот овбинител и донесеното решение по истиот случај“, рече денеска Билјана Ивановска, претседателката на ДКСК, на прес-конференцијата пред новинарите.

Од „Антикорупциска“ побараа поголема заштита на овој споменик на природата од Министерството за транспорт и врски и Државниоот градежен инспекторат, а Министерството за животна средина да го прогласи како посебно подрачје на кое нема да можат да се вршат градежни активности.

„Исто како и барањето за ефикасно отстранување на дивоградбите од крајбрежниот дел на Охридското езеро и отстранување на објектите на плажите на чии закупци им е истечен договорот, така очекуваме подеднакво иста соработка со Владата и за кањонот Матко“, додаде Ивановска.



Слично

Поврзани вести