Антикорупциска ќе ја испитува имотната состојба на Јанакиески, Исајловски и Божиновски
Поранешниот заменик-министер за надворешни работи Илија Исајловски
Комисијата за спречување на корупција денеска отвори истрага за имотната состојба на поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, поранешниот заменик-министер за надворешни работи Илија Исајловски и генералниот секретар на Влада, Кирил Божиновски.
Истовремено претседателката на Антикорупциска, Билјана Ивановска, рече дека ќе се проверат и анкетните листови на судиите Владимир Панчевски, Јово Вангеловски, Александра Зафировска, Светлана Костова и Сафија Лаличиќ.
- По добиениот извештај за човековио права од 2018-та година за злоупотреби на службени дејствија, Комисијата заклучи дека треба да изврши проверка на податоците од анкетните листови и изјави за интереси на следните лица - Владимир Панчевски, Јово Вангеловски, Александра Зафировска, Светлана Костова и Сафија Лаличиќ. Понатаму по допрен глас ќе ја испитуваме имотната состојба на Миле Јанакиески, Илија Исајловски и Кирил Божиновски.
По допрен глас ќе се отворат предмети за судир на интереси за Јордан Тасевски, внук на судијата Панчевски, како и за неговата внука Марија Димитровска.
Ќе се истражува и случај со вработувањето на Маја Ристовска, сопруга на поранешниот министер за образование Спиро Рисотвски, како дошла до работно место во Агенција за супервизија на капитално-финансиско пензиско осигурување.
Се испитува и случај за можни коруптивни договори со оператори за изработка и ревизија на Детални урбанистички планови во општина Центар.
