Економија, финансии, бизнис

Контакт

Антикорупциска ќе истражува каде се трошеле државните пари

Антикорупциска ќе истражува каде се трошеле државните пари

Се отвора предмет за антикорупционерите од страна на Јавното обвинителство, во кој ќе се истражува каде се трошеле парите откако македонски портал објави дека врз основа на извештајот од УЈП биле констатирани злоупотреби на буџетското кесе.

Во ревизорскиот извештај е констатирано дека на члeнови од Комисијата им биле исплаќани патни трошоци за доаѓање на седници, а исплатата се вршела врз основа на неверодостојни патни налози. Потоа, некои од нив воопшто не доаѓале на работа, туку само на седници, и биле поднесувани по три патни налози за ист ден. Исто така еден член пријавил дека треба да земе 350 евра кирија за наем стан и превоз, а всушност плаќал по 100 евра за кирија, додека пак други трошеле пари за ручеци и производи.

Претседателот на Државна комисија за спречување на корупција , Игор Тантуровски ги потврдува наодите во извештајот на УЈП, но има низа забелешки.

„Ние се согласуваме во добар дел од тие наоди што се наведни во извештајот. Ревизорот како ги цени и како понатаму постапува по овие наши наоѓања тоа е втора робота, но можам да кажам дека сево ова што се пишуваше во јавноста, вчера, а посебно во текот на денешниот ден е предимензионирано и  воопшто не станува збор дека со лажни налози се подигани пари  од самата институција  “, вели Игор Тантуровски 

Тој исто така посочи дека ова за него изгледа како една оркестрирана работа од политичките партии, а ударите ги трпи институцијата.

„Претпоставувам дека ова на некој не му се допаѓа. ЈО покренува постапка за испитување на наводите во конкретниот извештај и за тоа веднаш ги известува сите медиумски куќи без тие да побараат. Веднаш потоа излегува член на една политичка партија која веднаш побарува оставки од членовите и сето тоа е една оркестрирана  работа која се случува извесен временски период и кој нашата институција ги трпи овие удари“, вели Игор Тантуровски 

Се огласија и од Владата на РМ и јасно укажаа дека сето ова треба да се спречи и да се понесе некаква одговорност. 


„Во изминативе седум месеци покажавме дека не постои толеранција кон именуваните функционери кои имаат покажано неодговорно трошење на парите на граѓаните и сите кај кои беше утврдена таква состојба поднесат одговорност“, велат од Владата на Република Македонија



Слично

Поврзани вести