АНТИКОРУПЦИСКА ЌЕ ДОСТАВИ ПРЕДМЕТ ДО ОЈО ЗА ИВИЦА КОНЕВСКИ: Се работи за добивање на деловен простор од 312 метри квадратни
Антикорупциска ќе достави предмет до ОЈО против екс градоначалникот Ивица Коневски за бесправно добивање деловен простор.
Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска на 100-та седница донесе одлука да достави предмет до Основното јавно обвинителство, како и до Финансиска полиција, против екс градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски, за искористување на градоначалничката функција и да го смени деталниот урбанистички план кај Мајчин дом и на местото каде било впишано зеленило, да се впише 9-катница.
Од Антикорупциска го сомничат Коневски дека за лична корист – добивање на деловен простор од 312 метри квадратни, ја искористил функцијата градоначалник и место зеленило, нацртал зграда.
Претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска објасни дека Обвинителството и Финансовата полиција треба да испитаат како го стекнал тој деловен простор. Вели дека овој предмет е оформен по сопствена иницијатива, по допрен глас, за изградба на зграда кај Мајчин дом.
