Економија, финансии, бизнис

Контакт

Антикорупциска ја стопираше постапката за избор на ректор на УКИМ

Антикорупциска ја стопираше постапката за избор на ректор на УКИМ

Државната комисија за спречување на корупција на денешната 35-та седница го запре предметот отворен по сопствена иницијатива за изборите за нов ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Предметот е отворен пред 5 дена поради постоење сомнежи за прекршување на членот 8-а, став (1) алинеја 3 од Изборниот законик и член 34 став 1, алинеја 3, од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, во постапката за избор на ректор на Универзитетот, кои до нив стигнале од средствата за јавно информирање.

Но, Комисијата реши да го запре предметот откако членовите не успеале писмената уредба уредно да ја достават до ректорот, затоа што Ректоратот не работи поради состојбата со Ковид-19. 

Оттаму образложуваат дека во рок од 24 часа од отворањето на предметот тие се обврзани да се обратат до институцијата, односно лицето на кое се однесуваат сомнежите и да побараат изјаснување со тоа што на лицето или институцијата им се дава до знаење дека треба во рок од три дена да дадат објаснување и се повикуваат на јавна седница да ја одржат во рок од 5 дена.

На изборите што се одржаа на 26 јуни беше реизбран Никола Јанкуловски. 

Слично

Поврзани вести