Економија, финансии, бизнис

Контакт

Антикорупциска ја проверувала сметката на Апасиев

Антикорупциска ја проверувала сметката на Апасиев

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, објави дека Државната комисија а спречување на корупција вршела проверки на сосотојбата на неговата банкарска сметка, како и на таа на неговата сопруга.

Според приложениот документ од страна на пратеникот, Антикорупциска барала и информации од банката за подигнување на кредити и исплатата на ратите во последните пет години од страна на Апасиев.

„Од толку владини тендераши и вмровски КРИМОСИ, Антокорупциска нашла дека треба мене и на Жена ми да ни ги чешлаат сметките у банка (и да ни утврдува потекло на имот)! Ако бе, куриња, чешлајте слободно - ама на крај да не се чешате. p.s. Ви помина законскиот рок за постапката, па ќе наминам деновиве да видам баш шо сте откриле“, напиша тој на социјалните мрежи.


Слично

Поврзани вести