Економија, финансии, бизнис

Контакт

Антикорупциска ја проширува истрагата на дополнителни јавни набавки од Рашковски за 18 милиони денари

Антикорупциска ја проширува истрагата на дополнителни јавни набавки од Рашковски за 18 милиони денари

Државната комисија за спречување на корупција денеска соопшти дека ја проширува истрагата на дополнителни јавни набавки кои биле спроведувани од Генералниот секретаријат на Владата кога тој бил под водство на Драги Рапковски.

Наодите на Антикорупциска се проширени на купување на анпр камери, сталаци, подвиќни кабини и слична опрема. Вредноста на овие јавни набавки изнесува околу 18 милиони денари.

Од ДКСК велат дека наодите се доставени до Обвинителството, бидејќи тоа ги има понатамошните ингеренции за постапување.

Поранешниот генерален секретар на Владата заедно со управителот на фирмата Инвока добија 30-дневен притвор за случајот со спорната набавка на софтвер за сообраќајни прекршоци.

Слично

Поврзани вести