Дали Арбер Адеми незаконски станал доцент?
Ние сме за почитување на сите законски прописи и во оваа постапка која била спроведувана од страна на Универзитетот бидејќи тие се надлежни да распишуваат конкурси за избор и реизбор.
Така што ќе инсистираме на доследна примена на сите законски прописи, вели министерот Адеми за Факултети.мк
Државната комисија за спречување корупција ќе истражува дали министерот за образование и наука Арбер Адеми незаконски е избран во наставно-научно звање доцент на Правниот факултет на Државниот универзитет во Тетово во 2017 година, додека сѐ уште бил министер без ресор во Владата.
Министерот Адеми за Факултети.мк вели дека не е контактиран од ниту една надлежна институција и дека не знае дали за него има отворено некаков предмет.
Целиот текст овде.
