Антикорупциска „го откачи“ ВМРО-ДПМНЕ
Комисијата за спрелување на корупција експресно на денешната седница ги отфрли приговорите за предизборни нерегуларности поднесени од странба на ВМРО-ДПМНЕ.
Првиот приговор беше против Јавното комунално претпријатие Гази Баба 2007, другиот против градоначалник на општина Гази Баба, Скопје, а третиот против градоначалник на општина Шуто Оризари. Четвртиот приговор поднесен до ДКСК е против градоначалник на општина Кисела Вода, а петтиот против градоначалник на Град Скопје.
Антикорупциска на седницата продолжува да работи на случаите кои се отворени по службена должност.
Слично
