Економија, финансии, бизнис

Контакт

Антикорупциска ги гони Рашковски и Зеќири за незаконски вработувања

Антикорупциска ги гони Рашковски и Зеќири за незаконски вработувања

Државната комисијата за спречување на корупцијата одлучи да поднесе кривични пријави за злоупотреба на службена положба против последните двајца поранешни генерални секретари на Владата - Драги Рашковски и Мухамед Зеќири.

Според Антикорупциска, тие незаконски ангажирале на лица за работа со договор на дело,  непрописно постигнувале договори за привремени вработувања со агенции, а имало и спорни договори со лица за вршење на интелектуални услуги.

Претседателката Билјана Ивановска,појасни дека ДКСК извршила увид во документацијата и утврдиле дека во периодот 2017-2021 година на име договори за авторско дело и преку приватни агенции за вработување се потрошени 2,5 милиони евра. Секогаш се користени услугите на иста приватна агенција за вработување и иста агенција за давање услуги од интелектуална сопственост.

Рашковски и Зеќири ги злоупотребиле дискреционите овластувања, така што била загрозена транспарентноста на вработувањата во јавниот сектор. Така, лица кои претходно биле вработени со авторски договори потоа биле примани во редовен работен однос, претходно стекнувајќи се со предност пред останатите кандидати кои се јавиле на конкурсите.

Првата антикорупционерка посочи и дека Комисијата дошла до факти дека извршените задачи не соодветствувале со авторски дела, што е уште една основа да постапува Обвинителството.

„Ако владата сака да има заштеди во буџетот, треба да знае како да постапува во иднина. Имаме сомневања за кривично дело и сме должни да постапиме“, рече Ивановвска на седницата.

Слично

Поврзани вести