Антикорупциска бара да се провери сметката на советник на премиерот
По реакцијата на пратениците од опозицијата, Државната комисија за спречување на корупцијата побара од Девизниот иснпекторат во Министерството за финансии да провери зошто Љупчо Зафировски, советникот за европски интеграции на премиерот Зоран Заев, својот приход за оваа дејност ја добива на сметка во странство.
ДКСК на вчерашната седница потврди дека станува збор за анонимна пријава за незаконско отворање на сметка во странство и дека е отвори предмет за овој случај зас советникот, кој според профилот треба да лобира во Париз за евроинтеграциите на Македонија.
Антикорупцсиката утврди дека тој има трансакциска сметка во Србија на која легнуваат парите од Договорот за ангажирање на надворешни соработници и месечно добива по 1.200 евра. Договорот завршува во декември оваа година.
Освен сметката во Србија, Антикорупциската комисија утврдила дека тој има три сметки и во домашните банки, поради што тие се прашуваат зошто на генералниот секретар на Владата не му станало сомнително кога Зафировски побарал исплатата на хонорарот да му се врши во друга држава.
Антикорупциска утврдила дека Народната банка не дала одобрение за отворање трансакциска сметка во странство, ниту пак имаат информација дека Зафировски имал сметка во странство.
Законот дозволува сметки во странство да имаат физички лица кои имаат тримесечен постојан престој во друга држава, што Зафировски не го пријавил или во случај на двојно државјанство.
