Економија, финансии, бизнис

Контакт

Антикорупционерка стравува дека партиите ќе ја минираат работата на Комисијата

Антикорупционерка стравува дека партиите ќе ја минираат работата на Комисијата

Антокорупционерката Софка Пејовска Дојчиновска стравува дека партиите сакаат да ја минираат работата на Комисијата за спречување на корупцијата со меѓусебната трка на пријавувања на голем број на случаи на вработувања на блиски на актуелни и поранешни функционери.

„Стапувајќи на функцијата уште првите два дена изреагиравме, бидејќи јавноста повика на бројните наводи во медиумите. Имаме впечаток дека се натпреваруваат меѓу себе партиите и како да се ставени во погон да ги собираат пдодатоците од претходното и сегашното владеење и кој повеќе информации ќе ни даде. Во моментов се околу 60, а веќе вчера и завчера имавме списоци од по стотина од двете страни. Ние се најдовме испречени пред оваа цел. Појавата е алармантна, ендемска како сакате наречете ја“, изјави Пејовска Дојчиновска како една од седумте члена на Антикорупциската комисија во синоќешното гостување во 1ТВ.

Таа стравува дека може да дојде до „заробување“ на Комисијата таа да не може да ја врши вистинската функција, бидејќи станува збор за 400-тини вакви пријави.

- Познавме таква интенција. Ќе заземеме став, ќе ги ставиме во функција институциите, инспекциите. Трудовата, просветната инспекција, управниот инспекторат што правеле до сега. Треба да си постапат по нивната надлежност и да видиме што фидбек ќе упатат до нас, и да направиме антикорупциска легислатива за овие вработувања. Имаме море на прописи и можноста за вработување е како „швајцарско сирење“. Има море од прописи, милион начини, ангажирања на агенции, договори на дело, итн, додаде Пејовска Дојчиновска.

Антикорупционерката вели дека досега се примени 60 преставки од граѓани, кои очекуваат многу и имаат големи надежи во институцијата. Додава дека ресурсите се ограничени со 22 вработени и неможност засега да се инсталира опремата доделена од ЕУ бидејќи нема простор.

Додаде дека порано воопшто не се отворале случаи по допрен глас, туку се одело само на „сигурна варијанта“ и преглед само на ревизорските извештаи.

Слично

Поврзани вести