Економија, финансии, бизнис

Контакт

АНТИКОРУПЦИОНЕРИТЕ ПОКРЕНАА ИНИЦИЈАТИВА ДО СИТЕ НАДЛЕЖНИ ОРГАНИ - бараат да се утврди одговорност за сите во Академијата за судии, за вработувањата за време на изборите

АНТИКОРУПЦИОНЕРИТЕ ПОКРЕНАА ИНИЦИЈАТИВА ДО СИТЕ НАДЛЕЖНИ ОРГАНИ - бараат да се утврди одговорност за сите во Академијата за судии, за вработувањата за време на изборите

Државната комисија за спречување на корупцијата покрена иницијатива до сите надлежни органи за утврдување одговорност на директорката, претседателот и членовите на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители поради прекршување на Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси, како и на Изборниот законик.

Надлежните институции имаат рок од 60 дена да ја разгледаат и да постапат по оваа иницијатива.

„Потсетуваме дека ДКСК отвори предмет за вработувањата во Академијата за судии и јавни обвинители, за време на изборите, за што утврдивме дека е спротивно на законите, а тоа практично го потврдија и Управниот и Вишиот Управен суд, кои ја отфрлија жалбата на Академијата за судии и јавни обвинители.

Затоа, сметаме дека и оваа иницијатива е целосно оправдана и дека надлежните институции ќе постапат соодветно и во предвидениот рок“, се вели во објавата од Државната комисија за заштита на конкуренцијата.

Како што ме познато, станува збор за прекршување на членот 8-а од Изборниот законик.

Слично

Поврзани вести