Економија, финансии, бизнис

Контакт

Антиалбанскиот пристап во Јавното обвинителство пресудно БЕСА да гласа за разрешување на Зврлевски

Антиалбанскиот пристап во Јавното обвинителство пресудно БЕСА да гласа за разрешување на Зврлевски

Пратениците од БЕСА ќе гласаат за разрешување на јавниот обвинител Марко Зврлевски.

Ова го соопшти на прес конференцијата во Собранието пратеникот Фадил Зендели образложувајќи го како причина антиалбанскиот пристап во Јавното обвинителство.

„Според нас, јавниот обвинител Марко Зврлевски е разрешен многу порано – со формирање на Специјалното јавно обвинителство. Така ова што се случува денес повеќе е прашање на политичката и професионалната етика“, истакна Зендели.

За БЕСА исто така иритира образложението за разрешување на Зврлевски од Владата посочувајќи дека не се споменати случаи како Монструм и Сопот кои Албанците ги сметаат за монтирани, а токму ЈО, според Зендели, било протагонист на судските постапки.

Слично

Поврзани вести