Антеска: Државниците многу малку зборуваа за празникот, а непотребно многу за политичките ставови
Државниците многу малку зборуваа за празникот, а непотребно многу за политичките ставови што ги застапуваат, вели Љупка Антеска, уредник на Gostivarpress и новинар во Тв Кисс за прославата на големиот празник Илинден.
Смета дека празниците како Илинден, кои имаат
исклучително историско значење за Македонија треба да бидат симбол на
сплотување и можност за потсетување на заложбите, истрајноста, жртвите дадени
низ времето за слободна држава.
„Наместо тоа, моментот беше искористен за испраќање на политички пораки. Празнувањето повеќе личеше на кампања за референдумот, отколку на оддавање почит кон оние што учествувале во поставување на темелите на денешна Македонија. Факт е дека се наоѓаме во деликатен и чувствителен период и токму затоа честувањата на државни празници треба да обединуваат, а граѓаните да се воздржат од говор на омраза и инциденти. Ни претстои референдум, кој ќе предизвика темелни промени во земјава, без оглед на исходот“ - вели Антеска.
Таа додава дека ако политичарите, и тие од власта и од опозицијата ја сакаат Македонија и му мислат добро на народот, како што кажуваат, неопходно е да покажат зрелост, фер плеј и да ги остават граѓаните да донесат одлука, која потоа треба да се испочитува како највисока власт.
С.А.
