Економија, финансии, бизнис

Контакт

АНКЕТИ: Се топат неопределните гласови, неизвесна трка за тронот!

АНКЕТИ: Се топат неопределните гласови, неизвесна трка за тронот!

Анкета на агенцијата Рејтинг која е порачана од 24 Вести покажува дека разликата помеѓу ВМРО – ДПМНЕ и СДСМ е намалена на 1,5 %. 

Така 29,9 % од граѓаните се изјасниле дека ќе гласаат за ВМРО – ДПМНЕ, додека 28,5 кажале дека гласот ќе го дадат за СДСМ.

Во сеопфатната анкета вчера Никола Спасов од Рејтинг ги објаснуваше и другите елементи на анкетата што укажуваат на мртва трка до самиот крај. 

Најголем проблем за граѓаните останува невработеноста и сиромаштијата, а понатаму се другите прашања, како НАТО иЕУ, слобода демократија и слично.

Трета партија во македонскиот блок е коалицијата ВМРО ЗА МАКЕДОНИЈА за која се изјасниле 3,3 %.

Во албанскиот кампус најмногу граѓани кажале дека ќе гласаат за ДУИ и тоа 6,8 %, потоа следи БЕСА со 3,2 дпа со 2,8, и КОАЛИЦИЈАТА ЗА АЛБАНЦИТЕ на Села со 2,7 %. 

Според оваа анкета соствот на собранието ќе биде доста шарен, со повеќе партии.

Слично

Поврзани вести