Економија, финансии, бизнис

Контакт

Анкетата на СДСМ вели дека половина од албанските гласачи во првиот круг ќе го дадат гласот за Пендаровски

Анкетата на СДСМ вели дека половина од албанските гласачи во првиот круг ќе го дадат гласот за Пендаровски

Половина од етничките Албанци кои ќе излезат на гласање во првиот круг од претседателските избори на 21 април ќе го дадат својот глас за Стево Пендаровски, кандидатот на владеачкото мнозинство, а другата половина ќе заокружи за Блерим Река, поддржан од Беса и Алијансата за Албанците, велат резултатите од интерната анкета на СДСМ, чии заклучоци ги објави Дојче Веле.

Теренското истражување над 1.200 испитаници покажало дека Пендаровски ќе води со  8 до 10 разлика пред противкандидатката Гордана Силјановска Давкова и во вториот круг ќе влезе со предност од околу 90.000 гласови. 

Истражувањето на јавното мислење било направено преку различни агенции. Гласовите на Албанците во првиот круг ќе се поделат помеѓу Пендаровски и Река, додека во вториот круг тие во најголем број би излегле да гласаат, а помал дел нема да учествуваат. 

Околу 80% од гласачите на ДУИ се изјасниле со сигурност дека ќе гласаат за Пендаровски уште во првиот круг.


Слично

Поврзани вести