Економија, финансии, бизнис

Контакт

АНКЕТА: За Грците сме непријатели, но што е со името?

АНКЕТА: За Грците сме непријатели, но што е со името?

Според последната анкета направена кај јужниот сосед, за 45 отсто од Грците е разбирлива перспективата за сложено име со вклучен термин Македонија.

23% од анкетираните одговориле дека „Перспективата за признавање на ПЈРМ со сложено име што ќе го содржи терминот Македонија им предизвикува бес за оние што прифаќаат такво нешто“, а 14 отсто кажале дека се срамат што се Грци, 13% се рамнодушни, додека пак пет проценти одбиле да одговорат.

Во истражувањето, на анкетираните им се поставува прашањето и за тоа кои се непријателските земји за Грција. Број еден непријател, за 87 отсто од испитаниците е Турција, а 45 проценти сметаат дека Македонија е непријателска кон нив. 

69 проценти од анкетираните сметаат дека Македонија не претставува закана за територијалниот интегритет на Грција, наспроти 21 отсто што одговариле позитивно.

Слично

Поврзани вести