Економија, финансии, бизнис

Контакт

Анкета во штипската болница: Повеќето вработени сакаат да се вакцинираат подоцна

Анкета во штипската болница: Повеќето вработени сакаат да се вакцинираат подоцна

Штипската Клиничка болница направила анкета кај 450 вработени во која поголемиот дел се изјасниле дека сакаат да ја примат вакцината подоцна.

Според податоците, 126 вработени побарале веднаш да ја примат вакцината, додека останатиот дел изразил желба да се пријават во наредните фази.

Штипскиот ковид центар при вториот бран на пандемијата беше еден од бастионите каде што се водеше најголемата борба со Ковид-19 и ги примаше тешките пациенти од целиот источен регион.

Во моментов таму се лекуваат 36 пациенти, од кои 18 се на кислородна поддршка.


Слично

Поврзани вести