Економија, финансии, бизнис

Контакт

Анкета покажа дека мнозинството Бугари се за вето за Македонија

Анкета покажа дека мнозинството Бугари се за вето за Македонија

Мнозинството Бугари не се согласуваат Бугарија да прави отстапки во спорот со Македонија, покажа телефонска анкета на агенцијата за истражување на јавното мислење „Галуп“, цитирана од бугарската телевизија „Нова“.

70 отсто од испитаниците се против Бугарија да го укине ветото за пристапување на Македонија во Европската унија, а 20 проценти имаат спротивно мислење. Останатите се двоумат. Анкетата е направена помеѓу 14 и 16 јуни меѓу 890 возрасни Бугари.

Владина делегација денеска е во посета на Бугарија со цел пронаоѓање на решение за надминување на спорот меѓу Македонија и Бугарија.

Претседателот на бугарската партија „Има таков народ“ Слави Трифонов на средбата со студенти во Пловдив изјави дека денеска македонскиот премиер Зоран Заев во Софија се сретнал со луѓе кои не се ништо. 

Слично

Поврзани вести