АНКЕТА: Паѓа ли рејтингот на СДСМ?
Најновото истражување направено од Институтот за Политички истражувања покажува намалување на поддршката на СДСМ и зголемување за ВМРО-ДПМНЕ.
Мислењата на граѓаните се сумирани за периодите од 13 до 17 јуни и од 6 до 10 август 2018 година.
СДСМ во јуни ја поддржале 22,9 отсто од испитаниците, но во август таа опаднала на 21 отсто. За ВМРО-ДПМНЕ поддршка дале 19,1 отсто од анкетираните, додека во август таа пораснала за 20,4 отсто. За ДУИ, поддршката во јуни изнесувала 5,9 посто, а во август бележи мал пораст од 0,4 отсто. За ДПА поддршка дале 0,4 отсто од испитаниците во јуни, и 0,5 отсто во август.
![]()
По однос на различните етнички заедници во земјава, за истиот период, поддршката кај Македонците за Социјалдемократскиот сојуз опаѓа, а за сметка на тоа се зголемува кај опозицијата. Слични резултати покажала и анкетата направена со Албанци.
На прашањето која партија би победила доколку се одржат нови избори следната недела, од 26% во јуни за СДСМ, поддршката во август изнесувала 22,8%. За ВМРО-ДПМНЕ во јуни гласале 21,3 отсто, а во август 23,2 отсто од граѓаните.