Економија, финансии, бизнис

Контакт

АНКЕТА НА ТВИТЕР ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Кои соседи Македонија може да ги претрка?

АНКЕТА НА ТВИТЕР ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Кои соседи Македонија може да ги претрка?

Европскиот магазин „Вокал Јуроп“ на својот Tвитер профил објави анкета на тема „Кој би можел прв да влезе во ЕУ: Србија, Македонија, Албанија или Косово?“.

Има нешто помалку од 14 часа за изјаснување на оваа тема. Досега гласале 2.327 луѓе. 

Според резултатите во водство е Србија, на која граѓаните на Европа и даваат дури 47% шанси да стане следна членка на ЕУ.


По неа следи Македонија, со 20% од гласовите, а далеку помали шанси за членство во Унијата имаат Албанија и Косово. За Косово гласале 17%, а за Албанија 16%. 

Ова не е првпат „Вокал Јуроп“ да организира слична анкета. На пример, во екот на кризата во Шпанија, поради референдумот за независност на Каталонија, на граѓаните им е поставено прашањето: „Дали шпанската демократија е во опаѓање?“. 

Слично

Поврзани вести