Економија, финансии, бизнис

Контакт

АНКЕТА НА ТЕЛМА: СДСМ води во единицата со 2,3% пред ВМРО-ДПМНЕ

АНКЕТА НА ТЕЛМА: СДСМ води во единицата со 2,3% пред ВМРО-ДПМНЕ

Најновата анкета по нарачка на  телевизија Телма и Македонскиот центар за меѓународна соработка која ја спроведе агенцијата М-проспект покажува дека ВМРО-ДПМНЕ би ги добило гласовите на 23,3 отсто од гласачите, а СДСМ на 19,4%.

Телефонската анкета била спроведена во периодот од 20 до 30 ноември, врз 1.800 испитаници.

Понатаму резултатите покажуваат дека за ДУИ би гласале 6,6 %, за ДПА- 3,3 %, Коалиција за промени и правда 0,9 %, ВМРО за Македонија 2,5 %, Алијанса за Албанците 1,9 %, Либерална партија 0,1 %, Левица 1,2 %, Беса – 2,7 %.

Неопределени се 15,1 %, одбиле да се изјаснат 17,6 % (вкупно 32,7 % сива маса), додека 5,5 % нема да гласаат. 

Резултатите покажале дека Изборна единица број – 4 , една од најклучните бидејќи во неа има директен судир на двајцата претенденти за премиер: лидерите на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и на СДСМ Зоран Заев.

Проекцијата од анкетата на Телма и МЦМС покажува водство за ВМРО-ДПМНЕ од 2,3 процентни поени: 28,3 % се изјасниле за Коалицијата на Груевски, 26 % за Коалицијата на Заев.

10 партии и коалиции поднесоа листи во првата или популарно позната како скопска изборна единица. А резултатите покажуваат водство на Коалицијата на СДСМ пред ВМРО-ДПМНЕ од 2,3 процентни поени.

Целата анкета тука.

Слично

Поврзани вести