Економија, финансии, бизнис

Контакт

АНКЕТА НА ТЕЛМА: Рејтинзите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ скоро еднакви

АНКЕТА НА ТЕЛМА: Рејтинзите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ скоро еднакви

Мала е разликата помеѓу рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. 

Таа изнесува само  0,8%, се вели во најновата анкета која ја изработи агенцијата М-Проспект на барање на Телма и МЦМС.

На прашањето доколку утре се одржат парламентарни избори за кого е најверојатно дека ќе го дадете гласот, 24,5%  од граѓаните одговориле дека ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, додека 23,7% кажале  дека ќе гласаат за СДСМ. 8,5%  ќе гласаат за ДУИ, 3,7 % за БЕСА, 1,8%  за Алијансата за Албанците и 0,9%  за ДПА. Повеќе од 30 % од испитаниците не кажуваат за кого ќе гласаат.

Анкетата е направена од 10 до 15 мај телефонски на репрезентативен примерок од 1000 испитаници.

Слично

Поврзани вести